Српски стратег кој доби отказ во Италија може да ја преземе Полска

Коста Руњаиќ неодамна доби отказ во Удинезе, но по сè изгледа нема долго да чека на нов тренерски ангажман. Според информациите на италијанските медиуми, Фудбалскиот сојуз на Полска сака да го ангажира српскиот стратег, роден во Виена, за нов селектор на репрезентацијата.

Руњаиќ ја напушти клупата на италијанскиот клуб по разочарувачкиот почеток на сезоната. Удинезе освои само пет бода во првите десет кола, а незадоволството кулминираше по убедливиот домашен пораз од Рома со 2-5.

Раководството експресно реагираше и за нов тренер го назначи Паоло Занети, додека Руњаиќ веќе би можел да се врати на работа, но во репрезентативниот фудбал.

Според италијанските медиуми, Полска планира промена на селекторската позиција, бидејќи Јан Урбан на крајот на ноември ќе се збогува со функцијата, а Руњаиќ е меѓу имињата кои се споменуваат како негов можен наследник, па новиот ангажман би можел да го добие уште во текот на овој месец.