Хаверц го расплака Ливерпул: Арсенал по пауза од 14 години го освои „Енфилд“

Актуелниот англиски шампион Арсенал славеше против Ливерпул со 1-0 во дербито од деветтото коло во Премиер лигата, а тоа беше прв триумф за „топчиите“ на „Енфилд“ по пауза од 14 години во лигата.

Двете екипи понудија квалитетен фудбал, а решавачкиот момент се случи во 16. минута кога Германецот Каи Хаверц ја затресе мрежата на Ливерпул (1-0).

Ливерпул се обидуваше да дојде до израмнување, но нападот на „црвените“ не функционираше, односно ниту еден од 17. удари не заврши во рамката на голот на Раја.

Претходната победа на Арсенал против Ливерпул (2-0) на „Енфилд“ во Премиер лигата беше на 2 септември 2012 година.

Арсенал е лидер во лигата со 24 бодови, додека Ливерпул е на петтата позиција со 15 поени.