И Червар не помага: Вардар го демолираше Пелистер! (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар славеше во дербито против Пелистер со 31-23 во СЦ „Јане Сандански“ за деветта победа по ред во македонската Суперлига.

До осмата минута од мечот немаше многу погодоци (2-2), по што Вардар влезе во мини-серија од 3-0 и му избега на ривалот од Битола. Пелистер неколку пати намали на еден гол негатива, но „црвено-црните“ беа одлични во нападот и во завршницата на првиот дел стигнаа до 15-12.

Пелистер подобро го отвори второто полувреме и стигна до 15-16, но Вардар повторно влезе во одличен ритам и создаде предност од „плус осум“ (25-17), по што стана јасно дека ќе оствари убедлива победа над вечниот ривал (31-23).

Најефикасен во редовите на Варда рбеше Леон Љевар со седум погодоци, додека Филип Кузмановски постигна девет голови за Пелистер.

Вардар е лидер во домашниот шампионат со максимални 18 бодови, по што следи Алкалоид со 16, а Пелистер и Охрид имаат по 15 поени.

На останатите натпревари, Струга го надигра Пелистер 2 со 25-24, додека Тиквеш беше подобар од Младост 1977 со 25-18.