Уапсени четири лица по натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш!

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека биле приведени четири лица по натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш (1-1) во 12. коло од Првата лига.

Полицијата лишила од слобода четири лица од Скопје поради учество во тепачка.

„Денеска (01.11.2026) полициски службеници од СВР Скопје по завршување на спортскиот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш кој се одржа на стадионот на Шкупи во Чаир од слобода ги лишија М.А.(33), Ф.Р.(21), М.Џ.(31) и Д.Ј.(36) сите од Скопје, поради повикување и учество во тепачка согласно член 3 од ЗСННОСН. Лицата се приведени во Полициска станица и им се сочинети записници за констатиран прекршок. При приведувањето кај М.А. е пронајдена марихуана и истиот е лишен од слобода по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Фото: Facebook/KF Shkëndija Haraçinë 77