Цел ден патување за само триесетина минути ракомет: Чкембари влегоа на крајот од првиот дел! (ВИДЕО)

Ракометните гиганти Вардар и Пелистер денеска се соочија во СЦ „Јане Сандански“ од 17.45 часот, а навивачката група „Чкембари“ пристигна дури пред крајот на првото полувреме (15-12).

По долго патување, битолските навивачи конечно стигнаа во салата во Скопје, каде што ќе имаат само триесетина минути да ги поддржат ракометарите на Пелистер.

Вакво нешто можеше да се забележи и претходно поради лоша организација на МВР со обезбедување на условите за безбедноста на навивачите, па така и претходниот пат „Чкембари“ пристигнаа долго по почетокот на натпреварот.

Идентична е ситуацијата и со гостувањата на навивачката група „Комити“ во Битола, но очигледно и долгото патување и измачување не ги обесхрабрува фановите да им дадат поддршка на своите омилени ракометари.