На повидок е нова „војна“ меѓу Барселона и Атлетико

Лисандро Мартинез е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а според последните информации, неговата следна дестинација би можела да биде Шпанија.

Како што пренесуваат доверливи извори, Јунајтед е подготвен да го продаде Аргентинецот уште во јануари, со цел да заработи од неговото заминување, со оглед на тоа што неговиот договор истекува на 30 јуни 2027 година.

Точно е дека клубот од „Олд Трафорд“ има опција да ја продолжи соработката со Лисандро за уште една година, но нема да ја искористи, особено по неговите последни јавни критики за работата на управата.

Според информациите, за неговиот потпис веќе се заинтересирани Барселона и Атлетико Мадрид.

Барселона веќе подолго време бара решение за одбраната, а Мартинез не е единствената опција на каталонскиот гигант. Сепак, дополнителен проблем за Каталонците е интересот на градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Не е тајна дека Лисандро и минатото лето беше во преговори со Атлетико, но мадридскиот клуб тогаш го реализираше само трансферот на Кристијан Ромеро. Евентуалното пристигнување на Мартинез би можело да создаде одличен аргентински тандем во одбраната, по вкусот на Диего Симеоне. 

Од друга страна, и Ханси Флик сака искусен стопер со левa нога, кој знае да ја организира играта од последната линија, а тоа се карактеристики што Мартинез несомнено ги поседува.

Не треба да се заборави дека Барселона и Атлетико изминатото лето беа во трансфер-битка. Во текот на преодниот рок главна тема беше Хулијан Алварез, а се шпекулираше дека и Кристијан Ромеро бил на радарот на Каталонците.