Какво понижување за Словенецот: Кари го легна Дончиќ на земја со еден дриблинг (ВИДЕО)

Стеф Кари приреди уште една кошаркарска мајсторија, овојпат на сметка на Лука Дончиќ, во дуелот меѓу Голден Стејт и Лос Анџелес Лејкерс. Искусниот плејмејкер со еден спектакуларен потег го привлече вниманието на кошаркарската јавност и создаде момент кој веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Акцијата се случи во третата четвртина, кога Кари со серија брзи финти и промени на правецот целосно го надмудри Дончиќ. Словенечкиот кошаркар ја загуби рамнотежата и падна на паркетот, а Кари ја искористи ситуацијата за да погоди тројка и да ја запечати атрактивната акција.

Кари беше меѓу главните творци на пресвртот со 31 поен, шест асистенции и четири скока, реализирајќи осум удари за три поени. На спротивната страна, Дончиќ беше најефикасен со 37 поени, седум скока и пет асистенции, но неговиот одличен индивидуален учинок не го спречи поразот на Лејкерс.