Откриена неверојатна приказна: Меси можел да заврши во Реал Мадрид!
Португал, кој во минатото работеше во младинскиот тим на „кралевите“, во разговор за шпански „АС“ открива детали од периодот кога Меси немал потпишано професионален договор со Барселона.
„Имаше момент кога можевме да тргнеме по него. Сè уште немаше професионален договор со Барселона, преговорите за продолжување не беа завршени, а некој близок до него го понуди на Реал Мадрид“, откри Португал.
Поранешниот функционер објасни дека во клубот не сакале да ги нарушат односите со Барселона, па затоа се откажале од потписот на Меси.