Историски мала разлика: Кејн ја освоил Златната топка со само 28 гласа пред Мбапе
Според објавените резултати, напаѓачот на Баерн Минхен добил вкупно 1.055 поени, додека Мбапе, кој заврши на второто место, освоил 1.027. Разликата е толку мала што ова издание се вбројува меѓу четирите најнеизвесни гласања во историјата на наградата.
Кејн бил избран за најдобар во 40 гласачки листи, додека Мбапе ја добил максималната поддршка од 23 новинари. Тоа дополнително ја илустрира неизвесноста во трката, која, според откритијата од Франција, долго време била во корист на напаѓачот на Реал Мадрид, пред Англичанецот да направи пресврт во завршницата на гласањето. На третото место заврши Ламин Јамал со 881 поен, додека четвртата позиција му припадна на Родри со 726. Лионел Меси се најде на петтото место со 612 поени.
Интересно е што разликата меѓу Кејн и Мбапе е помала дури и од онаа во 2024 година, кога Родри ја освои Златната топка пред Винисиус со 41 поен предност. Така, изданието од 2026 година влезе во историјата како една од најтесните битки за фудбалскиот трон. Дополнително внимание привлече и третото место на Јамал. Според објаснувањето на Венсан Гарсија, главен уредник на „Франс Фудбал“, гласовите за шпанските репрезентативци биле поделени меѓу Јамал и Родри, што влијаело врз конечниот пласман.