Алкалоид рутински ги освои бодовите со Прилеп

Ракометарите на Алкалоид во деветтото коло без поголеми проблеми стигнаа до нова победа во Суперлигата откако денеска на свој терен го совладаа Прилеп со 37-27.

Фаворитот немаше проблеми и го контролираше дуелот од почетокот до крајот, иако гостите до паузата се одржуваа на „минус четири“ (18-14).

Во вториот дел избраниците на Лазаров почнаа да ја зголемуваат разликата за конечна победа од десет голови разлика.

За Алкалоид ова е осма победа во деветтиот натпревар, единствениот пораз тимот од Автокоманда го претрпе од Охрид во петтото коло. Прилеп од друга страна е шести со учинок од три победи, две нерешени и три порази.