Баерн „мерка“ спектакуларно засилување од Премиер лигата
Според информациите од Англија, постои можност норвешкиот репрезентативец да го напушти клубот на крајот од сезоната.
Одегард има важечки договор со лондонскиот клуб до 2028 година, но веќе започнале разговорите за потпишување нова соработка. Сепак, доколку преговорите не се одвиваат во посакуваниот правец, Арсенал би можел да размисли за продажба на својот капитен.
За неговата можна разделба со „топчиите“ се шпекулира веќе неколку месеци, а како најзаинтересиран клуб се споменува Баерн Минхен. Засега германскиот гигант нема испратено конкретна понуда, но таков потег не е исклучен доколку дојде до застој во преговорите.
Останува да се види дали двете страни ќе најдат заеднички јазик или капитенот ќе биде едно од најзвучните имиња на летниот трансфер пазар.