Aлонсо во проблем: Заврши годината за еден од најстандардните во Челси!

Челси се соочува со сериозен проблем во одбраната, откако стигна потврда дека Максенс Лакроа ќе мора да паузира неколку недели поради повреда на задната ложа.

Според информациите на новинарот Фабрис Хокинс, францускиот дефанзивец најверојатно нема да се врати на терените до почетокот 2027 година, што претставува сериозен удар за лондонскиот клуб.

Исто така Лакроа поради повредата нема да може да ѝ и помогне и на репрезентацијата на Франција во натпреварите кои ќе се играат овој месец. 

Информацијата за отсуството на Лакроа во Челси пристигнува пред утрешното дерби против Манчестер јунајтед во Премиер лигата кое на програмата е во терминот од 13:30 часот.