Скандал на СП до 15 години: Голман одби да брани пенал (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се случија на натпреварот меѓу Англија и Боливија на Светското првенство за фудбалери до 15 години во Баку, откако англиската репрезентација славеше со 3-2 со гол од пенал во последните секунди.

Контроверзната ситуација се случи во 41. минута, кога судијата досуди пенал за Англија по дуелот во кој беше соборен Емануел Фамокун, фудбалер на Вест Хем. Сепак, противничките фудбалери реагираа затоа што сметаа дека контактот е направен надвор од казнетиот простор.

Фудбалерите на Боливија веднаш протестираа, а на теренот влезе и член на стручниот штаб, покажувајќи му на судијата каде се случил прекршокот. И покрај реакциите и доделените картони, арбитарот не ја промени својата одлука. вКако знак на протест, боливиските фудбалери се повлекоа од казнениот простор и застанаа покрај аут-линијата. Голманот, пак, се потпре на десната статива и воопшто не се обиде да го одбрани ударот на Фамокун, кој мирно ја испрати топката во спротивниот агол.

Веднаш по погодокот беше означен и крајот на натпреварот. Боливијците иронично му аплаудираа на судијата, а ситуацијата дополнително ескалираше кога еден резервен фудбалер беше исклучен поради обид да го нападне арбитерот.

Играчите на Англија притрчаа да го заштитат судијата, по што дојде до неколку физички пресметки меѓу фудбалерите на двете репрезентации.