Најава за спектакуларен трансфер: Меси би можел да се врати дома!
Иако има договор со Интер Мајами до крајот на 2028 година, сè погласни се шпекулациите дека Меси би можел да се врати во Аргентина уште во јануари 2027 година. Според информациите што ги пренесува аргентинскиот медиум „Естадио 3“, Меси никогаш не бил поблиску до трансфер во Њуелс Олд Бојс.
Доколку ваквото сценарио се оствари, тоа би бил еден од најинтересните трансфери во последните години, не толку поради парите или спортските амбиции, колку поради емотивната поврзаност на Меси со клубот во кој сè започна. Њуелс Олд Бојс има посебно место во животот на аргентинскиот ас. Меси како дете тренирал во младинската школа на клубот од Росарио, пред да се пресели со семејството во Шпанија и да ѝ се приклучи на Барселона.
🚨ATENTOS🚨 ✳️ Por PRIMERA VEZ hablamos de este tema en @Estadio_3: LIONEL MESSI NUNCA estuvo TAN CERCA de venir a Newell’sI. Sería en ENERO DE 2027 https://t.co/yRVWOgUEEx
— Gonzalo Calvigioni (@Calvi31) October 29, 2026
Поради тоа, евентуалното враќање во Росарио би имало посебна симболика. Тоа би била можност во завршницата од кариерата да го облече дресот на клубот во кој ги направи првите чекори.
Најголемата пречка за потенцијалниот трансфер е договорот што Меси го има со американскиот клуб. Аргентинецот е обврзан кон Интер Мајами до 31 декември 2028 година, што значи дека евентуалното заминување во Њуелс би морало да биде договорено со раководството на клубот од МЛС лигата.
Сепак, јануари 2027 година се споменува како можен термин, што се совпаѓа со почетокот на новата сезона во аргентинското првенство.