Легендарен тренер поднесе оставка поради Инфантино! (ФОТО)

Поранешниот селектор на Јапонија, Такеши Окада поднесе оставка од позицијата потпретседател на Јапонскиот фудбалски сојуз поради тоа што не се сложува со начинот на кој Светската фудбалска федерација (ФИФА) управува со фудбалот.

Одлуката на Окада следи откако Азиската фудбалска конфедерација ја поддржа кандидатурата на Инфантино за нов претседателски мандат.

Јапонскиот стратег кажа дека повеќе не може да ги поддржува одлуките кои не се во рамки на основните вредности на спортот.

„Во текот на целата кариера верував дека спортот мора да се основа на интегритет. Меѓутоа одредени постапки на Мундијалот беа во спротивност со моите уверувања. Како спортист тоа не можам да го прифатам“, кажа Окада.