Барселона доби казна од 602 евра, но не сака да ја плати!
Иако станува збор за смешна сума за клуб од таков калибар, сепак каталонскиот гигант нема намера да ја прифати одлуката и најави жалба.
Шпанските медиуми објавија дека истрагата утврдила дека спортскиот директор на Барселона, Деко на 15 мај разговарал со агентот на Алварез, па поради тоа беше изречена парична казна.
Барселона одбива да ја плати казната од 602 евра, иако износот предизвика бурни реакции во јавноста.