Магија на Јовиќ: Србинот даде луд кош од пола терен за прва победа на „жешките“ (ВИДЕО)
Најзаслужни за прекинот на лошата низа и првата радост на тимот од Флорида беа Бем Адебајо и Јанис Адетокумбо, кои постигнаа по 24 поени. Грчкиот репрезентативец имаше импресивен дабл-дабл учинок додавајќи и 18 скока, додека одлична поддршка им пружи Ендрју Вигинс кој натпреварот го заврши со 18 постигнати поени.
Еден од најатрактивните потези на вечерта му припадна на српскиот репрезентативец Никола Јовиќ, кој погоди спектакуларна тројка од половина терен со звукот на сирената за крај на втората четвртина, носејќи му на Мајами предност од 13 поени на големиот одмор. И покрај овој извонреден потег, младиот кошаркар доби скромна минутажа од само седум минути и три секунди, за кои успеа да забележи пет поени и три скока без промашување од игра.