Ливерпул подготвува две трансфер-бомби за јануари

Англискиот гигант Ливерпул веќе размислува за засилувања во јануарскиот преоден рок, а на листата на желби на тренерот Андони Ираола се фудбалери од средниот ред.

Новинарот Флоријан Петербург објави дека англискиот клуб ги сака Ламин Камара од Монако и Алекс Скот од Борнмут.

Екипата од „Енфилд“ сака да го освежи средниот ред, но засега нема потврда дека е постигнат договор за трансфер на некој од фудбалери.

Двајцата фудбалери, сепак, имаат голема вредност, па Ливерпул ќе мора да плати над 180 милиони евра вкупно за да ги добие нивните потписи.

Фото: Facebook/Liverpool FC