Aнри тврди дека не го провоцирал Јамал: Не правете драма, таму каде што ја нема! (ВИДЕО)
Легендарниот француски ас ја водеше програмата заедно со новинарката Кејт Скот, а на дел од публиката им пречеа неговите шеги упатени кон Ламин Јамал, како и реакцијата кон колешката на сцената.
Најголема бура предизвика коментарот на Анри кога Јамал ја прими наградата за најдобар млад играч. Французинот го праша дали тоа е трофејот што навистина сакал да го освои, алудирајќи на главната награда „Златна топка“, која на крајот му припадна на Хари Кејн.
„Воопшто не се обидував да му го спуштам егото на Јамал. Помислив дека можеме да се пошегуваме со оглед на тоа што ова му е веќе трет ваков трофеј. Сите знаеме што посакуваше, но за жал, тоа не го освои. Го обожавам, тој е играч за кого би платил билет за да го гледам. Разбирам ако шегата не ви се допаднала, но не измислувајте драма таму каде што ја нема“, порача Анри.
Французинот ги отфрли и обвинувањата дека покажал непочитување кон колешката Кејт Скот, откако ја прекинал и ја исправил поради изговорот на името на легендарниот Сократес.
„Кејт беше дел од тој скеч. Намерно го изговори името на тој начин за да можам јас да ја исправам. Престанете да зборувате дека бев невоспитан кон неа, тоа никогаш не би го направил“, нагласи Анри.
Неговите зборови набргу ги потврди и самата Скот, која кратко порача во коментарите: „Немаше никакво непочитување“.
Двајцата со години соработуваат во емисиите на „ЦБС“ посветени на Лигата на шампионите, каде што меѓусебните шеги се составен дел од програмата
Thierry Henry is rude and incorrect. She pronounced it properly. I know, I wrote a whole book about the man.
— Andrew Downie (@adowniebrazil) October 26, 2026