Вардар се жали за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш, ќе победат ли скопјани на зелена маса?
Имено, според Вардар, Тиквеш денеска во записникот имал фудбалер кој нема право на настап и поради тоа потврдија дека ќе испратат жалба.
„Претставникот на ФК Вардар АД на натпреварот Вардар - Тиквеш 1:3, на записникот од натпреварот најави жалба за неправилен настап на фудбалер на гостинската екипа“, кратко информираше Вардар преку социјалните мрежи без да открие за кој фудбалер станува збор.
Според правилата, доколку Тиквеш навистина имал фудбалер кој не смеел да биде во записникот, тогаш не е исклучена можноста и Вардар победата да ја добие на „зелена маса“.