Рома не дозволи изненадување - со пресврт го скрши Каљари! (ВИДЕО)
Нзола во 10. минута ја затресе мрежата на Римјаните од пенал за предност од 1-0 на Каљари, а тоа ја налути Рома која тргна по израмнување.
Лули во 15. минута погоди за 1-1, а само шест минути подоцна стрелаше и Пизили за целосен пресврт (2-1).
Каљари ја анулира негативата преку Малдини во 81. минута, но Рома не дозволи да прокоцка триумф и со погодоците на Мора и Мален ги постави конечните 4-2.
На вториот меч славеше Комо со 3-1 против Торино.
Фото: X/AS Roma English