Необичен инцидент: Прекинат натпреварот меѓу Флитвуд и Арсенал во Лига Купот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Флитвуд Таун и Арсенал во англискиот Лига Куп беше прекинат накратко поради необичен инцидент.

Арсенал гостува кај Флитвуд, но судијата реши да ја прекине играта откако забележа дрон кој летал над стадионот.

Судијата ги повикал капитените на двете екипи за да ги информира за ситуацијата, а по кратко прекин натпреварот продолжи.