Историски момент за Медведев: Конечно одбрани титула во кариерата!

Рускиот тенисер Данил Медведев за првпат во кариерата успеа да одбрани титула на еден турнир, откако го совлада Николоз Басилашвили со 2-1 во сетови во Алмати, Казахстан.

Медведев го загуби првиот сет во тај-брејк со 6-8, но затоа во следниот беше одличен и со 6-1 ја анулира негативата.

Во решавачкиот сет Медведев продолжи со одличната игра, а притоа направи два брејка и не му дозволи на Грузиецот да стигне до ниту една брејк-топка, а со тоа го комплетира големиот пресврт.