Волкановски ја одбрани круната во УФЦ, па прослави со - македонско знаме во рингот (ВИДЕО)

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски, ја одбрани светската титула во перолесна категорија, откако на настанот УФЦ 333 во Абу Даби дојде до спектакуларна победа над досега непоразениот Мовсар Евлоев.

Триесет и осумгодишниот шампион го заврши натпреварот со технички нокаут во втората рунда, нанесувајќи му го првиот професионален пораз на рускиот борец. Со овој триумф, Волкановски успешно го продолжува својот втор шампионски период во елитната организација, откако претходно ја загуби титулата од Илија Топурија, но успеа да го врати појасот во свое сопственост со победата над Диего Лопес во 2025 година.

 

По големата победа, официјалниот профил на УФЦ на Инстаграм му оддаде почит на шампионот со кратка, но моќна порака: „Легендата продолжува“. За македонската јавност најинтересно беше што по големиот триумф, успехот беше прославен со македонско знаме со сонцето од Кутлеш во рингот, донесено од неговиот татком кој е роден во битолското село Беранци, од каде што семејството емигрирало во Австралија.

Иако настапува под австралиското знаме бидејќи е роден во Волонгонг, во сојузната држава Нов Јужен Велс, Волкановски никогаш не ги крие своите корени. Редовно ги потенцира своите македонско-грчки врски и на социјалните мрежи, со оглед што неговата мајка има потекло од Грција.