Цветков влезе моќно во рингот, ама беше патосиран за само – 26 секунди (ВИДЕО)

Македонскиот борец во мешани боречки вештини, Тоше Цветков, предизвика големо внимание пред почетокот на ФНЦ 34 манифестацијата во „Борис Трајковски“, поради знамето со сонцето од Кутлеш на лицето на мерењето и целосно истетовираното тело, но во кафезот издржа помалку од половина минута.

Неговиот ривал, Миљан Ровчанин од Србија покажа поголема сила и знаење и со првиот директен удар го патосира по само 26 секунди од мечот. Он беше четвртиот Македонец на оваа боречка манифестација што загуби по Дино Старчевиќ, Марко Трајановски и Ален Амедовски.

Радост на публиката во салата донесе хероината Даниела Алексовска со голема победа над грчка ривалка.