Реми со три поништени голови во лудото дерби помеѓу Шкендија и Вардар! (ФОТО+ВИДЕО)
Шкендија ја контролираше играта на стартот на натпреварот и неколку пати сериозни се закани кон голот на Давор Талески, меѓутоа мрежата на голманот на Вардар остана да мирува.
Вардар почна да се буди и возврати со неколку добри акции, меѓутоа не го загрози посериозно голот на Бабукар Гаје. Тетовци ја пробија одбраната во 31. минута кога Ндзенгуе испрати силен удар и топката заврши зад грбот на Талески, но ВАР-технологијата го поништи голот поради офсајд.
Вториот дел почна со иницијатива на Шкендија која се обидуваше да дојде до водство, меѓутоа никако не успеа да најде решение за одбраната на скопскиот гигант.
Избраниците на Божовиќ погодија на истекот на регуларните 90 минути преку Данев, но ВАР-технологијата повторно реагираше и го поништи погодокот поради недозволена ситуација на теренот.
Вардар погоди повторно преку Спахиу во 96. минута, но ВАР повторно го поништи голот на македонскиот шампион поради офсајд.
Шкендија е лидер во лигата со 24 бодови, по што следи Струга со 23 поени и Вардар со 21 бод на третата позиција.



