Онана имал сообраќајна незгода во Турција - бил пренесен во болница (ВИДЕО)
Според турските медиуми, во автомобилот заедно со голманот било и неговото семејство, но за среќа сите поминале без никакви повреди. Несреќата се случила во областа Јомра, недалеку од градот Трабзон, додека Онана со најблиските се враќал кон дома веднаш по завршувањето на натпреварот од Конференциската лига. Претходно истата вечер, Трабзонспор забележа победа над шкотскиот претставник Хартс (2-0), натпревар на кој камерунскиот чувар на мрежата беше фантастичен и успеа да ја зачува својата мрежа недопрена.
Во сообраќајната незгода учествувале вкупно три возила. Друг автомобил силно удрил во возилото на Онана од задниот дел, при што од силината на ударот неговиот автомобил бил отфрлен и удрил во возилото кое се наоѓало пред него. И покрај сериозноста на верижниот судир, Онана и членовите на неговото семејство останале неповредени, но и покрај тоа веднаш биле префрлени во локалната болница на детални прегледи.
Набрзо по инцидентот, претставници на раководството на Трабзонспор пристигнале на местото на настанот за лично да се уверат во здравствената состојба на нивниот голман и неговото семејство.