Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал ќе паузира најмалку шест недели!?

Англискиот шампион Арсенал се соочува со сериозен проблем поради повреда на Букајо Сака, кој најверојатно ќе биде надвор од терените најмалку шест недели.

Фудбалерот на Арсенал се повреди на дуелот во Лигата на шампиони (ЛШ) против Баерн Минхен, а првичните медицински прегледи покажале дека станува збор за посериозна повреда.

Дополнителните медицински прегледи треба да утврдат колку време Сака ќе биде надвор од конкуренција за настап, а доколку се потврдат прогнозите, тогаш тоа ќе биде голем удар за Арсенал.

Фото: Facebook/Arsenal