Oхрид денеска дома тргнува во одбрана на европскиот трофеј

Ракометарите на Охрид денеска ја почнуваат одбраната на трофејот во ЕХФ купот и тоа на свој терен против турскиуот Спорт Тото СК.

Првиот натрпевар од двомечот се игра денеска во 18:30 часот и во него македонскиот претставник ќе ја има фаворитската улога.

Во договор со двата клуба, Охрид ќе биде домаќин и на реваншот кој се игра утре во истиот термин.

Дуелот од таборот на охридскиот состав го најави Адама Кеита кој истакна дека неговиот тим е подготвен да се покаже во најдобро светло.

„Мораме да одиграме на највисоко ниво и во двата дуели. Возбудени сме на ова ново натпреварување и сакаме да одиграме најдобро досега сезонава. Ги очекува навивачите да ни дадат поддршка и во двата дуели. Сакаме убава атмосфера и две победи за пласман во следната фаза“, изјави Кеита.