Несреќен автогол на Гаштаров и „бомба“ на Костов за прв европски бод на Ц. Звезда (ВИДЕО)

Црвена Звезда ремизира против Копенхаген (2-2) во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, а македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров и Василије Костов одиграа важна улога во натпреварот.

Гаштаров нема по добро да ја памети 29. минута од натпреварот, откако си постигна несреќен автогол за предност на Копенхаген. Автоголот на македонскиот фудбалер може да се погледне ТУКА.

Црвена Звезда, сепак, набрзо успеа да направи пресврт. Најпрво Елшник стрелаше за 1-1, а потоа фудбалерот со македонско потекло, Костов постигна прекрасен гол за 2-1.

Копенхаген во вториот дел ја анулира негативата преку Карицо, кој во 70. минута ги постави конечните 2-2.

Останати резултати:

Хетафе – Лугано 2-5
Интер Ескалдес – Универзитатеа Крајова 1-3
Јаблонец – Брајтон 0-0
Кауно Жалгирис – Бран 1-4
Пафос – Рига 1-1
Трабзонспор – Хартс 2-0

Фото: Facebook/FK Crvena zvezda