По повлекувањето на Меси кај Аргентинците падна уште една важна одлука
Според информациите што утрово ги објави Фабрицио Романо, аргентинскиот стратег наскоро ќе потпише нов договор со кој ќе се обврзе да ја предводи репрезентацијата до крајот на Светското првенство во 2030 година.
Скалони има 48 години, а на клупата на аргентинската репрезентација седна по Мундијалот во Русија во 2018 година. Оттогаш, тој се наметна како најуспешниот селектор во историјата на аргентинскиот фудбал.
Под негово водство, „гаучосите“ ја освоија светската титула на Мундијалот во Катар во 2022 година, како и два трофеја на Копа Америка во 2021 и 2024 година.
Оваа година, Скалони ја предводеше Аргентина до финалето на Светското првенство во Северна Америка, каде што по продолженијата неговиот тим загуби од Шпанија со 0-1. На досегашните 105 натпревари на клупата на Аргентина, Скалони оствари 81 победа, 14 нерешени средби и само 10 порази.
Сите овие успеси ги постигна со Лионел Меси како лидер и капитен на тимот. Токму поради тоа, во изминатиот период имаше многу шпекулации дека и Скалони би можел да си замине, особено откако Меси неодамна се збогуваше со репрезентативниот дрес.
Сепак, селекторот одлучи да започне нова мисија на клупата на националниот тим.