Мурињо сѐ повеќе личи на очајник - пак најде причина да „плаче“ пред Ел Класико

Жозе Мурињо веќе го насочи вниманието кон големото дерби со Барселона, но го посочи распоредот како фактор што може да влијае врз подготовката на неговиот тим.

По убедливата победа од 4-1 над Лајпциг во Лигата на шампионите, португалскиот стратег истакна дека неговите фудбалери ќе имаат 24 часа помалку за одмор во пресрет на неделното Ел Класико.

„За Ел Класико нема место за прашањето на самодовербата. Тоа е уште еден натпревар во првенството, но да се каже дека е како сите други би било лажење. Засега губиме 24 часа одмор, но одиме понатаму“, порача Мурињо.

Причината за забелешката е распоредот на натпреварите во Лигата на шампионите. Барселона играше против Пари Сен Жермен во вторникот, додека Реал Мадрид излезе на терен ден подоцна, во средата, против Лајпциг. Така, мадридскиот тим има пократок период за опоравување пред гостувањето на „Камп Ноу“, закажано за недела, 25 октомври.

Иако неговите изјави можат да се протолкуваат и како притисок врз Барселона, Мурињо оваа сезона се повеќе личи на очајник кој причини за своите неуспеси ги бара во надворешни фактори. За поразите од Бетис и Атлетико му беа виновник судиите кои, според него, се најзаслужни и за предноста од шест бода која Барселона ја има во однос на Реал во овој момент.