Јамал подготвен за првата Златна топка - резервирал приватен авион за семејството и пријателите

Ламин Јамал презел посебни мерки за присуството на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“, откако шпанскиот новинар Виктор Наваро објави дека младата ѕвезда на Барселона резервирала приватен авион со кој ќе патува заедно со членовите на семејството и блиските пријатели.

Според овие информации, Јамал сака најблиските да бидат покрај него на една од најважните вечери во неговата кариера. Остатокот од делегацијата на Барселона, вклучувајќи ги и останатите номинирани фудбалери, би требало да пристигне со друг авион.

Интересно е и тоа што, според објавените тврдења, Јамал уште при патувањето во Париз за натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен почнал да размислува за можна прослава доколку ја освои престижната индивидуална награда.

Младиот шпански репрезентативец не крие дека има големи амбиции, а евентуалното освојување на „Златната топка“ би претставувало историски момент за него. Шпанските медиуми и претходно објавуваа информации за посебните подготовки на Јамал и за церемонијата во 2025 година. Тогаш, според „Мундо Депортиво“ и „АС“, фудбалерот пристигнал во Париз со голема придружба од семејството и пријателите, а имал подготвено и приватна прослава во случај да ја освои наградата.

На крајот, Јамал, сепак, не ја освои „Златната топка“ во 2025 година, бидејќи признанието му припадна на Усман Дембеле. Сепак, Шпанецот остана меѓу најголемите млади ѕвезди во светскиот фудбал, а неговите амбиции повторно се во центарот на вниманието.