Сензација во Хрватска: Загреб го урна ПСЖ!
Хрватскиот шампион до победата стигна благодарение на одличната игра во вториот дел од второто полувреме.
Французите во средината на второто полувреме имаа и предност од пет гола, но Загреб со голот на Филип Главаш, пет минути пред крајот, израмни на 27-27, а потоа преку Ѓорѓи Чковребадзе поведе со 28-27. Победничкиот гол го постигна Давор Гавриќ, 27 секунди пред крајот.
Најефикасен беше Бујаловски со осум гола, Чковребадзе додаде седум, а Главаш четири. Во редовите на ПСЖ се истакна Феран Соле со 10 гола.
И покрај победата, Загреб не може да заврши на првите две места во групата и веќе ги загуби шансите за место во следната фаза. што би му овозможило пласман во втората фаза од натпреварувањето.
На останатите средби во истиот термин, Динамо Букурешт беше убедлив над Скандерборг со 37-23, Партизан ремизираше со Порто 33-33 и Веспрем беше подобар од Фуксе Берлин со 39-35.