Скандал во Турција: Нигериец со бизарна фотографија го понижи Влаховиќ (ФОТО)
По големата битка на теренот со српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, Нигериецот реши пресметката да ја пресели надвор од зелениот терен, обидувајќи се јавно да го понижи својот ривал. Тој на своите профили на социјалните мрежи објави контроверзна фотографија генерирана со помош на вештачка интелигенција. На монтираната слика беше прикажано како Влаховиќ клечи и му ги чисти копачките на Мохамед Салах, кој во моментов е најголемата ѕвезда во редовите на Трабзонспор.
Како дополнување на провокативната објава, нигерискиот интернационалец остави и краток коментар со кој дополнително го исмеа српскиот напаѓач.
„Кој ми ја зема работата?“, напиша Нваивуа покрај фотографијата.
Сепак, скандалозната објава не се задржа долго во јавниот простор. Според информациите од Турција, по бурните реакции и најверојатно по директна интервенција на челниците на Трабзонспор, фудбалерот бил принуден експресно да ја избрише фотографијата од социјалните мрежи со цел да се смират страстите по големото дерби.
