Монца го декласира Каљари, Симеоне го предводеше Торино до победа над Парма!
Каљари пристигна во Монца со одлични резултати на гостински терен, но овојпат доживеа тежок пораз. Домаќините поведоа во 39. минута преку Еди Куадио, а на почетокот од второто полувреме Густаво Варела ја зголеми предноста.
Џејден Робинсон во 66. минута погоди за 3-0, по асистенција на Варела, кој во 79. минута го постави конечниот резултат со својот втор гол на натпреварот.
Во вториот натпревар, Торино освои три бода на гостувањето кај Парма, со победата од 3-0. Во центарот на вниманието беше Џовани Симеоне кој погоди на стартот на мечот, но и во 69. минута, додека во листата на стрелци се запиша и Адамс.
Фото: Facebook/Torino Football Club