Сапуницата продолжува: Во ноември ќе се дознае кој е шампион на Африка
Спортскиот арбитражен суд во Лозана соопшти дека одлуката по жалбата на Сенегал се очекува до крајот на ноември. Сенегалците ја оспоруваат одлуката на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ), која го поништи резултатот од финалето и титулата му ја додели на Мароко.
Финалниот натпревар се одигра на 18 јануари во Рабат, а Сенегал победи со 1-0 по продолженијата. Сепак, дуелот беше обележан со хаотични сцени и големи контроверзии во завршницата од регуларниот дел.
Драмата почна кога на Мароко му беше досуден пенал, по што фудбалерите на Сенегал бурно реагираа и го напуштија теренот, меѓутоа подоцна се вратија и го доиграа мечот.