Барселона доби големо засилување за дербито со ПСЖ!

Барселона доби фантастични вести во големото дерби против ПСЖ во Лигата на шампионите (ЛШ). Бразилскиот репрезентативец Рафиња целосно се опорави од повредата и ќе биде стартер на утрешниот натпревар во Париз.

Тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик на прес-конференцијата пред дуелот со францускиот шампион откри дека фудбалерот е подготвен за игра.

Рафиња се повреди за време на репрезентативната пауза, по што ги пропушти натпреварите против Хетафе и Галатасарај. Сепак, тој се врати на теренот во саботната победа од 5-2 над Бетис.

ПСЖ и Барселона ќе се соочат утре во Париз од 21 часот.

Фото: Facebook/FC Barcelona