Ванда Нара го провоцира Икарди: Неговиот дрес го продава за само 12 евра! (ФОТО)

Аргентинската водителка Ванда Нара повторно е во центар на внимание поради поранешниот сопруг Мауро Икарди, откако на својата интернет-продавница понуди дрес на аргентинската репрезентација со бројот девет и презимето на напаѓачот, по цена од само 20.000 аргентински пезоси, односно околу 12 евра.

Најголемо внимание привлече описот на производот. Ванда аместо да го наведе името на Икарди во насловот, го означила дресот како „оригинален дрес на поранешен фудбалер кој е малку користен“.

Дресот е од моделот на аргентинската репрезентација од 2018 година, кога Икарди за последен пат играше за неговата татковина.