Мурињо за ударот со лакт на Ѓулер: Никаде нема снимка (ВИДЕО)

Реал Мадрид вчера ја победи Севилја со 4-1, а по дуелот тема беше и ситуацијата со Арда Ѓулер од првото полувреме.

Пред да се запише во листата на стрелци и да го отвори резултатот, турскиот репрезентативец го привлече вниманието со еден дуел со противнички фудбалер.

Во таа ситуација, Ѓулер не доби никаква опомена, иако на повторената снимка може да се види дека удар со лакт има. Кога новинарите го прашаа Мурињо на прес-конференцијата да даде свое мислење, Португалецот тврдеше дека никаде не можел да најде снимка.

„Никој не успеа да ми го покаже она што тврдите дека се случило. Немам ниту една снимка. Барав снимки од телевизијата, ги прашав и моите аналитичари кои имаат тактичка камера, но на ниту една снимка не можев да го видам она за што се зборува. Искрено ви велам, ако еден ден се случи нешто што оди во наша корист, воопшто нема да имам проблем да излезам во јавноста и да го кажам тоа. Но, мислам дека многу почесто ќе ни се случува спротивното“, заклучи Мурињо.

Иако, Мурињо тврди дека снимка од моментот, нема сепак, таа лесно може да се најде.