Реал нема да менува прв голман уште најмалку две години!

Тибо Куртоа ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2028 година.

Агентите на одличниот голман и челниците на кралскиот клуб постигнале договор на обострано задоволство. Претходниот договор го обврзуваше Куртоа да остане во клубот до 2027 година.

Белгиецот пристигна во Мадрид во 2018 година и досега настапи на повеќе од 300 натпревари. Во Реал се презадоволни од неговите настапи и сметаат дека тој сè уште е најдобриот голман во светот.

Претходно ги носеше дресовите на Генк, Атлетико Мадрид и Челси, а од лондонскиот клуб се пресели во Мадрид. Со репрезентацијата на Белгија, најголемиот успех на 34-годишниот голман е освојувањето на третото место на Светското првенство во Русија во 2018 година.