Без голови на струмичката битка во ВМФЛ

Екипите на Брера и Беласица во последниот натпревар од осмото коло во ВМФЛ ремизираа без голови 0-0.

Дуелот на двете струмички екипи помина без голови, па на крајот двете мораа да се задоволат со по бод.

Со овој освоен бод Брера останува четврта со 15 бодови, додека Беласица е две места подоле со три бода помалку. Следен противник на Брера е Осогово, а Беласица дома ќе игра со Македонија Ѓорче Петров.

Инаку, немаше победник и натпреварот кој се играше претходно денеска помеѓу Камјани и Кожуф кој заврши 1-1.