„Бомбата“ на Мадуеке му донесе три бода на Арсенал против Нотингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал славеа победа над Нотингем форест со 1-0 со што се вратија на негатива од три гола зад лидерот на табелата Манчестер сити.

Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, Арсенал имаше поголем посед на топка, меѓутоа изостанаа посериозните прилики, па така ниту една од екипите не упати удар во рамките од голот.

Не се промени сликата многу и во второто полувреме, но гостите искористија една од ретките прилики која се покажа како доволна за три бода. Херој беше Нони Мадуеке кој се запиша во листата на стрелци на десетина минути пред крајот на натпреварот.

На табелата сега Сити има 21 бода, Арсенал 18, а зад нив е најпријатното изненадување досега екипата на Брајтон со 16.

Фото: Premier League/X