Барселона во големи проблеми пред дуелите со ПСЖ и Реал Мадрид
Според објавените информации, медицинските прегледи потврдиле дека Гарсија ќе биде надвор од терените во следните три-четири недели, а тоа значи дека Барселона нема да може да смета на него во пресметката со ПСЖ, но и во големото дерби против Реал Мадрид.
Дополнителен проблем за каталонскиот тим е состојбата на Кунде. Францускиот дефанзивец ќе го пропушти дуелот со ПСЖ, а неговата состојба ќе биде повторно проценета пред неделното „Ел Класико“.
Барселона има совршен почеток на сезоната во Ла Лига, но ова дефинитивно ќе биде проблем пред следните предизвици на избраниците на тренерот Ханси Флик.
Фото: Facebook/FC Barcelona