Шик беше херој на Баер: Леверкузен го урна Фрајбург и се вмеша во трката за врвот (ВИДЕО)

Баер Леверкузен славеше со 2-1 против Фрајбург во шестото коло од Бундеслигата, а херој на домаќините беше Патрик Шик, кој го постигна победничкиот гол во 76. минута.

Гостите први поведоа преку Дери Шерхант во 14. минута, но радоста на Фрајбург траеше кратко. Само пет минути подоцна, Ибрахим Маза ја затресе мрежата и ја врати неизвесноста во натпреварот.

Во продолжението се водеше израмнета битка, а кога се чинеше дека дуелот ќе влезе во неизвесна завршница, на сцена стапи Шик. Чешкиот фудбалер ја искористи одличната акција на Маза и во 76. минута го постигна голот вреден три бода.

Леверкузен по шест одиграни меча има 13 бодови и се наоѓа на делба на третата позиција со Фрајбург.

Фото: Facebook/Bayer 04 Leverkusen