Охрид му даде 42 гола на Мулти Есенс за петта победа во Суперлигата

Охрид успеа да слави на гости кај Мулти Есенс со убедливи 42-26 во седмото коло од македонската ракометна Суперлига.

„Гладијаторите“ ја контролираа играта во првото полувреме и по првите 30 минути имаа предност од 21-13.

Мулти Есенс не успеа да одговори во вториот дел, а за тоа следеше казна од Охрид кој на крајојт стигна до +16 (42-26).

Најефикасен во победничкиот тим беше Доминик Мате со осум голови, додека Ѓорѓиевски, Ѓокески и Гурмешевиќ постигнаа по четири голови за Мулти Есенс.

Охрид е на четвртата позиција со 11 бодови, додека Мулти Есенс е претпоследен со два поени во Суперлигата.

Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid