Комо ја продолжи агонијата на Фиорентина, гол и асистенција за Паз! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо триумфираа на гостувањето кај Фиорентина со 3-1 во седмото коло од италијанската Серија А, додека импресивен настап имаше Нико Паз.

Комо постигна два гола во краток период, од 32 до 36. минута, кога стрелаа Либерали и Паз со што гостите стигнаа до предност од 2-0.

Фиорентина покажа знаци на живот и намали преку Понграчиќ во 42. минута, по што истиот фудбалер постигна уште еден гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Паз повторно беше во главна улога во вториот дел, па запиша асистенција при голот на Дувикас за конечни 3-1.

Комо е на четвртата позиција со 14 бодови, додека Фиорентина е во зоната на испаѓање со четири поени.

Фото: Facebook/Como 1907