Алиоски стрелаше од пенал за триумф на Лугано во Купот на Швајцарија

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски постигна гол во победата на Лугано од 4-0 против нисколигашот Пули во Купот на Швајцарија.

Лугано постигна дури три голови во првото полувреме, а сè почна во петтата минута преку Маркез, по што Алиоски од пенал во 16. минута зголеми на 2-0, додека Келвин потоа го постигна и третиот гол за гостите.

Маркез беше стрелец на последниот гол за Лугано, со што екипата на Алиоски избори осминафинале во швајцарскиот Куп.

Македонскиот фудбалер оваа сезона настапи на шест меча за Лугано, при што запиша еден погодок.