Голманот на Челси итно опериран поради скршена вилица – ќе пропушти многу средби!
Аргентинскиот чувар на мрежата мораше предвреме да го напушти теренот по жестокиот судир со противничкиот дефанзивец Џарад Брантвајт. По итниот медицински преглед беше констатирано дека Мартинез има скршеница на вилицата, поради што веднаш беше опериран. Неговата рехабилитација ќе трае околу месец и половина, што значи дека искусниот голман ќе пропушти минимум шест официјални натпревари за лондонскиот состав во претстојниот период. Тој нема да може да ѝ помогне ниту на Аргентина за време на ноемврискиот репрезентативен прозорец, кога светскиот шампион ќе ги одмери силите со селекциите на Уругвај и Костарика.
И покрај тешката повреда и операцијата, голманот на Челси задржа позитивен дух и преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм испрати охрабрувачка порака до јавноста и навивачите.
„Најважни се трите бода и тоа што не примивме гол. Се враќам за неколку недели“, напиша Мартинез.