Хрватски тренер брутално претепан од таткото на фудбалер од – својот тим (ВИДЕО)
Поради сериозноста на повредите и сомнежите за скршеница на носот, тој бил итно пренесен во локалната болница за дополнителни прегледи. Драмата се одвивала во ходникот пред соблекувалните, десетина минути по последниот судиски свиреж. Напаѓачот, наводно, прво му пришол на Кариќ и го прегрнал, по што неочекувано му задал силен удар со тупаница во пределот на лицето. На инцидентот му претходела вербална расправија околу статусот и минутажата на млад фудбалер на Марсонија, а како главен осомничен за овој напад се посочува Дарио Јуревиќ, татко на споменатиот играч.
Осомничениот првично го напуштил местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен од страна на полицијата. На повредениот тренер, кој според сведоштвата останал да лежи во локва крв, веднаш му била укажана прва помош од екипата на Итната помош.
Кариќ е добро познато фудбалско име во регионот, со богата играчка кариера во која настапуваше за Торино, Динамо Загреб и за Војводина. Осомничениот Јуревиќ, пак, веќе ѝ е познат на јавноста по сличен скандал пред две години, кога по натпреварот меѓу Марсонија и Јадран од Плоче беше вмешан во физички напад врз главниот судија, за што беа преземени соодветни правни мерки.